За една недела 1203 јавувања во кол центарот „ Ало докторе“

Телефонската линија „Ало докторе“  за медицински совети за граѓаните работи со полна пареа. Во текот на изминативе два дена од 21 септември до вчера до 22 часот имало вкупно 251 повик.

За само една недела од кога започна да работи оваа линија регистрирани се вкупно 1203 повици.

Сите граѓани кои се јавиле добиле соодветна здравствена услуга.

Најголем број од јаваувањата биле во врска со здравствен совет за покачена телесна температура, респираторни и кардиоваскуларни симптоми поврзани со променливите временски услови.