За секс во нова врска: Правило број 1 проучете го партнерот

Ако сте вљувени и чувствувате пеперутки во стомакот, не е ни чудно дека сакате што побрзо да размените нежности, но немојте. Почекајте барем до петиот состанок пред да се препуштите на сексуалните односи со новиот партнер, доколку не сте заинтересирани само за секс со него. Еве и зошто:

Според последните спроведени истражувања порталот за онлајн запознавање Singles247.com, на жените им се потребни најмалку 4 средби со новото момче пред да се одлучат дали е тој добар материјал за врска.

Во истражувањето учествувале 2.000 жени, а резултатите откриле дека пред одењето во кревет со новиот партнер жената очекува да размени најмалку 12 смс пораки, пет подолги телефонски разговори и барем еден букет цвеќе.

par-u-gradu-1417618580-52014

Пред нежните допири под покривката парот би требало да изгледа барем 3 филма заедно, да размени 7 страствени бакнежи, како и 4 заеднички оброци.

На тој начин, ќе успеете да откриете дали има знаци кои покажуваат дека е нетрпелив кога е сексот во прашање и дали навистина сака да биде во врска со вас.

А ако во текот на заедничките излегувања, тој „мерка“ некоја друга, врската веднаш ќе го доживее својот крај, покажало истражувањето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.