Укинување на персоналниот данок во земјоделството, воведување државна социјална пензија и инвестиции во комуналната инфраструктура во руралните средини вети претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа во изборната единица 4, Зоран Заев при неговата посета на општина Ново Село.
– Заминати млади луѓе, сиромаштија, разочарани земјоделци, тоа е сликата што ја видов и тука. А гоимаме најработниот крај во Македонија, овдешното земјоделство хранело половина Југославија. Се што бараат земјоделците е фер шанса за достоинствен живот со доволно пари платени од нивниот пот од нивната заработувачка. Ветуваме и 160 милиони евра годишно субвенции кои земјоделците ќе ги добиваат навремено, кога најмногу им требаат, рече Заев.
Во неговата дневна работна агенда покрај Ново Село беа и населените места Смоларе, Самоилово, Секирник, Турново, Моноспитово и Босилово.