Заев: Не му верувајте на Груевски, тој ја измисли федерализацијата

Наспроти нашиот остварлив План, од другата страна се лагите на Груевски. Овој реален План за живот во Македонија што ја има поддршката на граѓаните го плаши Никола Груевски и затоа тој измислува нереални приказни за непостоечки теми, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вчерашниот митинг во Аеродром.

Груевски ја измисли федерализацијата. Цела кампања ја темели на фикс идеја за некаква федерализација зашто тој нема План, нема што да им понуди на граѓаните што ги ограби.

Немојте да му верувајте на Никола Груевски кој 10 години ве лаже!  Немојте никогаш повеќе да му верувате! Каков иден премиер, каква федерализација, какви бакрачи!

Груевски е единствениот во овој држава кој мисли и зборува за федерализација, тој и никој друг, посочи Заев.