Заев во Грција посетувал општина која веќе 4 години не постои

Лидерот на СДСМ Зоран Заев се заплетка во сопствената мрежа од невистини. Во обид да ги аргументира своите посети на Грција по пишувањата на „Дневник“, лидерот на опозицијата сам се заглави одговарајќи вчера на новинарски прашања, пишува порталот „Курир“.

Заев или направи нов гаф или пак се обиде да ја излаже јавноста одговарајќи на прашање, каде бил и зошто ја поминувал грчката граница пеш. Во обид да се оправда, Заев пред новинарите, рече дека неговата општина е збратимена со 3 општини во Грција, меѓу кои и општината Панорама во Солун.

„Општина Струмица е збратимена со општина Кукуш – Килкис, со Аксиос и Панорама од градот Солун, се спроведуваат и до ден денеска три проекти финансирани од ЕУ. Функционираат општините меѓу себе, секако заради реализација на одредени проблеми и прашања на граѓаните“, рече Заев.

Интересно е што во моментов, градот Солун нема општина која што се вика Панорама. Точно е дека таква општина постоела, но со новата територијална организација, од 2011 година таа општина е укината и не постои, одосно присоединета е кон општината Пилаиа Кортиатис (Pylaia-Chortiatis).

Зошто Заев се обиде да ја манипулира јавноста останува непознато. Што барал во Грција лидерот на СДСМ е главното прашање кое што се наметнува по откривањето на информациите дека тој минатата година во повеќе наврати патувал во Солун и други локации кај јужниот сосед.

Заев засега без одговор и конкретни аргументи за неговите сомнителни патувања кои коинцидираат со датуми кои се важни за Македонија, пред се поврзани со посетите на Нимиц и разговорите за спорот за името. Се додека Заев не се изјасни што барал и што евентуално добил во Грција претпоставките водат во неколку насоки.

Зошто Грција му е омилена дестинација на првиот човек на опозицијата и дали во прашање се некакви тајни договори? Грчките медиуми многу пати отворено даваат поддршка за менување на власта во Македонија и „навиваат“ за СДСМ нема да се обиде да му помогне на лидерот на опозицијата да дојде на власт.

Начините за да се стори тоа се многу, од финансирање на партијата која што е во целосен банкрот, обезбедување документи за илегални трансакции на грчки фирми како во случајот „Актор“ , важни информации кои што може да се искористат во политичката битка, асе прибрани од силната разузнавачка мрежа на јужниот сосед па се до докази кои што би можеле да се искористат во судски процеси во кои што се инволвирани и Заев и партискиот портпарол Шилегов.

Република денеска пренесе неофицијални информации кои што кружат во дипломатските кругови, а за кои нема официјална потврда дека Заев на средбите во Грција или барал финансиски средства или монтирани материјали кои што можат да се искористат за напади врз Груевски.