
И додека опозициската го обвинува премиерот Никола Груевски за имот за кој Зоран Заев тврди дека е на неговиот кум од првиот брак, лидерот на СДСМ денеска се иззема од одговорност и не сакаше да коментира за аферата „Грчка хациенда“ поврзана со негови блиски роднини кои за голем попуст купиле трикатна куќа на Халкидики, на самиот брег на Егејското море.
Одговарајќи на новинарско прашање зошто ја има премолчено хациендата во Грција, откако во едно интервју рече дека се што поседува тој и неговото семејство се наоѓа во Македонија, Заев денеска рече дека не би сакал да коментира за имот кој е во сопственост на негови роднини. Сопственост за која Заеви добиле прилично великодушен попуст од стотици илјади евра, што не ја исклучува можноста дека тоа да е за возврат за сето ова што го прави и целото ова сценарио кое го спроведува.
-Не би сакал да коментирам сопственост на мои први братучеди. За имотот на роднини и пријатели , нив ќе ги прашате, рече Заев.
Од сето ова произлегува дека Заев за тендери има роднини, а за имотот во Грција сака да се изземе. Тоа се истите роднини со кои Заев со години води бизнис зделки, им дели тендери и има заеднички фирми. Првиот човек на СДСМ и струмички градоначалник, според информациите кои многу пати досега беа пласирани во јавноста е капитално испреплетен во повеќе бизниси со истите тие роднини за чиј имот на Халкидики сега не сака да коментира, пишува порталот „Курир“
Медиумите пред неколку дена објавија документи кои покажуваат дека првите братучеди на Зоран Заев, Трајче и Бобан Заеви на крајот од 2012 година купиле екслузивна куќа на Халкидики во Неа Мудања.
Инаку, Трајче и Бобан Заеви, освен роднински се и капитално поврзани со лидерот на СДСМ. Тие се бизнис ортаци преку повеќе фирми кои што работат со општината Струмица. Имено, Бобан Заев е овластено лице во фирмата Тргопродукт, која беше вмешана во аферата со отровните корниoшни.
Само во 2012 година фирмите на кланот Заеви во кои сопственици се таткото, чичкото, братот, братучедите и други бизнис партнери на Зоран Заев оствариле нето добивка преку своите фирми од 121.642.000,00 денари или 2 милиони евра. Тука се вбројуваат скоро сите фирми на семејството Заеви како:
- Фирмата ЈАВОР-ТРАНС ДООЕЛ Струмица на Горан Крстев, бизнис партнер на Вице Заев, остварила нето добивка од 8.410.257,00 денари.
- Фирмата ЈАВОР-ШПЕД ДООЕЛ увоз-извоз Струмица на Симеон Крстев, татко на Горан Крствев, остварила нето добивка од 11.125.229,00 денари.
- Фирмата ТРГОПРОДУКТ ДОО увоз-извоз Струмица на братучедите Катерина Бојовиќ Заева, Бобан Заев и стрината Убавка Заева, остварила нето добивка од 6.076.156,00 денари.
- Фирмата ФРЕНКИ ДОО експорт-импорт Струмица на братучедот Трајче Заев, инаку позната на јавноста по скандалот со затруените корнишони во Хрватска, остварила нето добивка од 15.299.306,00 денари.
- Фирмата ЕЛЕНИЦА Струмица на братот Вице Заев и братучедите Трајче Заев и Катерина Бојовиќ Заева, остварила нето добивка од 44.193.909,00 денари.
- Фирмата САРА-ЈАВОР ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Струмица на братот Вице Заев и неговиот бизнис партнер Горан Крстев, остварила нето добивка од 7.378.361,00 денари.
- Фирмата ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Струмица на братот Вице Заев, остварила нето добивка од 2.772.929,00 денари.
- Фирмата ТОТАЛ ЕЛЕКТРИК ДОО увоз-извоз Струмица на братучетката Катерина Бојовиќ Заева, братот Вице Заев и зетот Радиша Бојовиќ Заев, остварила нето добивка од 4.686.654,00 денари.
- Фирмата ПЕОН ДОО Струмица на братучетката Катерина Бојовиќ Заева и стрината Убавка Заева, остварила нето добивка од 20.647.778,00 денари
Трајче Заев е овластено лице и еден од главните во семјената фирма на Заеви, „Еленица“. Медиумите во повеќе наврати објавија дека токму оваа фирма од општина Струмица инкасирала милионски суми преку тендери.
Јавноста остана без одговор како семејството Заеви успеа да купи куќа по цена три пати пониска од реалната, односно зошто некој би продал куќа која вреди неколку стотици илјади евра за само 110.000 евра. Непознато е и зошто преку три одделни договори, кои беа објавени во дел од медиумите, Заеви станале сопственици на трикатната вила на брегот на Егејското Море и тоа за само 110.000 евра. Лускузните вили во истиот дел, каде се наоѓа и хациендата на Заеви, во огласите се движат со цени кои не неколкукратно повисоки од изоносот кои Заеви го имаат платено. Вилите слични на онаа која ја поседуваат Заеви се движат од 300.000 до 800.000 евра.
Главната дилема која отвора и криминална димензија во аферата „Грчка хациенда“ е како се префрлени парите во Грција за куќата, ако е познато дека во готово преку граница не е дозволено да се префрлат пари во износ поголем од 10.000 евра и да се исплатат.