Заев зимувал во монденски италијански скијачки центар?

Лидерот на опозицискиот СДСМ и градоначалникна Струмица, Зоран Заев, најверојатно зимувал во Италија, дознава Нетпрес.

Нашите извори велат дека тој се вратил пред неколку денови, а претпоставките се дека Заев престојувал во монденски зимски центар.

Интересно е тоа што во периодот додека тој најверојатно зимувал и скијал по монденското италијанско туристичко место, се појави негово интервју во медиумите блиски на опозицијата. Оттука се отвора прашањето дали тој навистина бил интервјуиран, или пак сета работа ја завршил неговиот партиски тим задолжен за односи со јавноста, на чие чело е новинарот Роберт Поповски.

Слично беше и изминатово лето. Каде летуваше првиот човек на СДСМ Зоран Заев, и зошто опозицијата тогаш молчеше за локацијата. Медиумите пишуваа дека Заев одмарал во Грција но официјален одговор за тоа каде летувал опозицискиот лидер никогаш немаше. СДСМ објави соопштение, но не одговори конкретно, само потврди дека Заев одмарал во Грција.

Ваквото избегнување на прашањето отвари тогаш редица други прашања.

– Молчи и портпаролот и сопартијците но струмичани знаат дека Заеви се чести гости во Грција каде поседуваат луксузна куќа. Заев за време на својот одмор престојувал во луксузна куќа на грчкото крајбрежје, која е во негова сопственост, а според муабетите кои кружат во Струмица, чести посетители на таа куќа биле и новинарски имиња од Македонија, објави тогаш порталот „Курир“.

– Струмичани знаат дека Заеви се чести гости во Грција, особено во летниот период. Како што таму говорат граѓаните, а и некои медиуми веќе пишуваа за тоа, Заев поседува одреден недвижен имот кај нашиот јужен сосед, беше наведено во објавеното.

И пред неколку месеци, посетите на Заев во Грција го разбудија интересот и сомнежот кај македонските граѓани. Како што тогаш објави весникот „Дневник“, Заев во неколку наврати ја минувал македонско-грчката граница пешки, на излез и на влез. Весникот праша зошто тоа би го правел човек кој поседува автомобил од 80.000 евра. И за оваа афера раководството на СДСМ молчеше.

За финансиската состојба, луксузните автомобили и недвижнини на Заев веќе долго време се пишува во македонските медиуми. Новонастанатата состојба го остави отворено прашањето- што сака Заев да сокрие од јавноста молчејќи каде летува и каде зимува?