Загинати шест цивили во Доњецк

Во синоќешниот артилериски напад на укранската армија во Доњецк загинале шест цивили и тројца припадници на проруските сили.

Претставник на самопрогласената Доњецка народна република изјавил дека украинската артилерија вчера цел ден гаѓала станбени квартови, при што се повредени 18 луѓе.

Проектилите погодиле две трансформаторски подстаници на фабрики во северверниор дел од Доњецк, поради што 37 подстаници останале без електрична енергија.