Вечерва во Владата поминал предлог-законот за употребата на албанскиот јазик, објави Алсат.
Во одобрената верзија се предвидува двојазичност на униформите на полицијата, пожарникарите и здравствените работници во општините со најмалку 20% Албанци, како и во Градот Скопје.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, на својот ФБ профил напиша: „Најавен под градскиот часовник во Прилеп, напишан во Тирана, изгласан во Скопје вечерва на Влада! Нова историја, нов јазик и нов живот!
Предлог-закон за јазикот:
„Униформите на полицијата; пожарникарството; здравството; во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик се напишани на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.“
За двојазичност на униформите на армијата ќе се бара мислење од Венецијанската комисија. Исто така, законот предвидува парите и поштенските маркички да содржат симболи значајни за Македонците и за Албанците.
Предлог-закон за јазикот:
„Книжните и кованите пари како и поштенските марки ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.“