сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 0

Заоралек: Изборите во Македонија да се одржат што побрзо

Би сакал во Македонија навремено и што побрзо да се одржат избори и земјата да добие претставници кои ќе бидат способни да ги решаваат проблемите не само што ги има Македонија, туку и ЕУ. Ова го истакна шефот на чешката дипломатија Љубомир Заоралек по средбата со македонскиот колега Никола Попоски.

poposki zoralek

Поврзани вести

Би сакал во Македонија навремено и што побрзо да се одржат избори и земјата да добие претставници кои ќе бидат способни да ги решаваат проблемите не само што ги има Македонија, туку и ЕУ. Ова го истакна шефот на чешката дипломатија Љубомир Заоралек по средбата со македонскиот колега Никола Попоски.

Заоралек додаде дека Прага и понатаму останува на своите ставови за прием на Македонија во ЕУ и НАТО и нагласи дека земјата е во групата пријатели на Македонија.  Додаде дека заедно со него е дојдена и поголема група бизнисмени од Чешка кои се заинтересирани за инвестирање во Македонија.

Нашата соработка е на високо ниво. Ставот на Чешката Република кон Македонија останува непроменет како за интеграцијата во ЕУ, така и за приклучувањето кон НАТО. Ние сме членови на групата на пријатели на Македонија и истовремено како Чешка Република сакаме да помогнеме во сегашната неповолна ситуација во која се наоѓа Република Македонија. Вознемирени сме од внатрешнополитичката криза во Македонија, особено во деловите на владеењето на правото и слободата на медиумите и сметаме дека овие проблеми треба да се решат што е можно побрзо. Би сакал во Македонија навремено и што побрзо да се одржат избори и земјата да добие претставници кои ќе бидат способни да ги решаваат проблемите не само што ги има Македонија, туку и ЕУ, рече Заоралек.

Тој прецизира дека Чешка има искуство со решавање на проблемите во интеграциските процеси, а особено во трансформациските процеси, но додаде дека им е неопходен партнер кој ќе биде навремено избран на избори за да може заедно со нив да разговара и да ги решаваат проблемите. Посочи дека се дојдени во Македонија за да соработуваат со земјава за решавање на мигрантската криза и да помогнат да не стане камп каде би се задржале сите бегалци.

За сегашниот најголем проблем со кој се соочува ЕУ – мигрантската криза Република Чешка помага не само хуманитарно,  туку испрати и 27 полицајци кои делуваат на границата, подготвени сме и за понатамошно продлабочување на соработката и изнаоѓање на нови можности за помош. Чешка не сака само да гледа отстрана, туку сака да биде активен учесник во решавањето на проблемот со кој се соочуваме. Сакам да ја продолжиме соработката што ја имаме без разлика дали земјите се дел или не од ЕУ, рече Заоралек.

Тој предочи дека Европската унија е една целина којашто мора да функционира заеднички и која мора заеднички да ги решава сите проблеми со кои можеме да се сретнеме.

Најчитани вести