Затворени три спортски обложувалници во Тетово поради нелегално работење

Три спортски обложувалници во Тетово кои работеле без потребните лиценци се затворени во вчерашната заедничка акција на Секторот за внатрешни работи од Тетово и Управата за јавни приходи.

Притоа, од објектите се одземени 17 телевизори, осум компјутери, девет монитори, седум принтери и 95.570 денари. Одземената опрема е пренесена во Секторот за внатрешни работи во Тетово за натамошна постапка, а против сопствениците на обложувалниците ќе следуваат соодветни пријави согласно Законот за приредување игри на среќа.

На крајот на минатиот месец,  ваква акциска контрола беше спроведена и во пет обложувалници во тетовските села Пирок, Боговиње и Камењане во која беа одземени различен вид опрема, односно компјутери, телевизори, принтери, печатачи..