Највисоки оценки за годинашнава организациј на „Штипската пастрмаијада 2014“. Иако е неблагодарно да се оперира со бројки, сепак евидентно е дека Штип во изминатите три дена беше туристички центар на источна Македонија. Сите тројца главни изведувачи можат да се пофалат со неколку десетици илјади посетители, почнувајќи од македонската изведувачка Елена Ристеска, потоа Аца Лукас и големото финале во сабота со концертот на српскиот кантавтор Жељко Јоскимовиќ, пренесува „1.мк“. Според слободна проценка, во Штип настапите на изведувачите поминаа со публика од 35-45.000 луѓе во просек за една вечер, а со самото тоа остварена е целта за масовност. Од друга срана, уредувањето на паркот зад поштата се покажа како умешен потег бидејќи обезбеди дополнителна површина на која може да се следат настапите на изведувачите. И настапот на Аца Лукас во петокот беше спектакал за луѓето кои уживаат во овој стил на музика.
По концертот, Јокисмовиќ изјави дека е изненаден од масовноста на луѓето на неговиот настап, но има позитивно мислење и за организацијата, бидејќи градоначалникот и тимот кој ја реализираше истата му оставиле впечаток на одлични домаќини кои работата во интерес на штипјани, пред се и заради топлиот дочек кој го имал во Штип. Големиот број на автомобили, од Кочани, Виница, Радовиш, Струмица, Скопје,Охрид, Битола, Прилеп јасно говори дека интерес за „Пастрмалијадата“ постои, не само заради одличните музички гости, туку и зарадаи самата манифестација која е уникатна.
– Целта е остварена. Поуспешни сме од минатата година, имавме поголема посета, немаше никакви инциденти, настанот помина максимално безбедно а верувам дека сме рекордери и во изедени пастрмајлии и испиени алкохолни и безалкохолни пијалоци. Мислам дека се задоволни самите угостители, но тие најдобро ќе си кажат. Лично од име на организаторот сакам да им се заблагодарам на сите што дојдоа во Штип но и на спонзорите, „Скопско“, „Тиквеш“, хотел „Оаза“. “ЕАМ“, „Варади“, „Ларс“, „Имако“… и многу други, кои со финаниска и логистичка поддршка направија овој настан да биде успешен и позитивен. Секако најголема благодарност и до угостителите без кои оваа манифестација не би била успешна – изјави Ангел Џонов, организатор.
Градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев, Општината и тимот на „Штипска пастрмалијада“ упатуваат благодарност до сите оние кои беа во Штип изминатите три дена и со своето присуство директно помогнаа во обезбедување на масовност на манифестацијата, а посебно до штипјани кои со своето однесување покажаа дека се одлични домаќини. Исто така, благодарност и до спонзорите и покровителите на фестивалот кои финансиски ја поддржаа манифестацијата, информира порталот „1.мк“.