Заврши реконструкцијата на улица Загрепска

Заврши реконструкцијата на улица Загрепска
Заврши реконструкцијата на улица Загрепска

Општина Центар го реши долгогодишниот проблем на жителите на Мало Курило, делот на Водно. Улицата Загрепска сега има нов лик, коловозот во должина од 350 метри, од потегот на црквата „Св. Јован“ до влезот на Мало Курило, е асфалтиран. Претходно, надлежните во општината ги исчистија каналите за наводнување и отстранети се 40 камиони смет.

Оваа улица беше опасност за пешаците и возилата поради ударните дупки и водата која што се слеваше од Водно. Граѓаните побараа и тротоари, по што општина Центар веднаш ќе започне со поставување на тротоар и со тоа се задоволени сите потреби на жителите од тој дел на Центар, информираат од Општина Центар.