Жена барбика: Има 30 години и 20 пластични операции

Маријана има само 30 години,  а веќе иммала повеќе од 20 естетски операции и денеска изгледа како вистинска барбика. Во своето тело вложила, вели, еден стан во Белград, бидејќи новото тело досега ја чинело 50.000 евра.

Првата операција, зголемуввање на градите, ја направила на 20 години .

-Уште кога бев мала, во основно учлиште знаев дека ќе правам пластични операции. Не бев задоволна со своите гради, беа мали, и поради тоа се чувствував лошо. Имав психички проблеми, не си се допаѓав и сакав тоа да го сменам што поскоро. Од 16 години почнав да шедам за силикони. Кога собрав доволно пари, имав 20 години и отидов да ги зголемам градите. Веднаш по операцијата се чувствував супер, бев како нова и се вљубив во себе си, вели Маријана, којадо пред неколку години жвеела во Неготин, а сега живее во германија каде што работи како менаџер.

Таа заработува доволно за да може да ги финансира бројните естетски зафати кои воглавно ги изведува во Белград.

-Неколку години подоцна направив две операции на носот бидејќи сакав да биде совршен. Потоа, направив четири липосукции на ноете, струкот и на стомакот. Потоа, правев вбризгнување на масно ткиво во образите, ја зголемив задницата и ги затегнав очните капаци. По неколку години од првата операција, повторно ги зголемив градите, бидејќи ми сечинеше дека не се премногу големи, раскажува Мријана.

На усните направила дури 10 пластични операци!

-Неодамна ми се појави една брчка и морав веднаш да ја тргнам со ботокс. Сега, веќе не можа да поднесам некој дел од телото да не ми е совршен, и штом нешто не ми се допаѓа одам на корекција. Не ми пречи што некои луѓе ме осудуваат, велат дека сум пластична. Моето момче и пријателите ме поддржуваат во се’, вели оваа млада жена.

Идеална фугура според неа, вели, е телото на Јелена Карлеуша.

Таа изгледа супер и, како и јас, личи на барбика, но, вели дека ако еден ден има ќерка нема да ја поддржи да стави силикони.