Зголемена ефикасноста на Основниот Суд Скопје 1

Основниот суд Скопје 2 Скопје првото шестмесечно полугодие од 2014 година го заврши со зголемена ажурност и ефикасност и од вкупно 58.329 предмети решени се 40.604, а заклучно со 1 јули нерешени останале 17.725 предмети, пренесува МИА.

За споредба во првото шестмесечно полугодие од 2013 година, во Основниот суд Скопје 2 вкупно во работа имало 58.418 предмети. Од нив решени се 20.371 предмети, а заклучно со 1 јули 2013 година, останале вкупно 38.047 нерешени предмети.

Тоа, според Судот, покажува дека годинава се решени 20.233 предмети повеќе од истиот период од минатата година поради зголемената ажурност и ефикасност на судиите.

-Компаративно со заостатокот од 38.047 нерешени предмети од првото шестмесечно полугодие во 2013 година, оваа година заклучно со 1 јули, вкупниот заостаток на нерешени предмети изнесува 17.725 предмети, од што произлегува дека Основниот суд Скопје 2 Скопје го совладал приливот на предмети, а заостатокот на нерешени предмети го намалил за 20.332 предмети, велат од Судот.