Свет

Жак Ширак повторно во болница

Жак Ширак повторно во болница

По кратка хоспитализација и спроведување на испитувања, поранешниот претседател на Франција, Жак Ширак бил отпуштен од болница, пренесуваат локланите медиуми.

Осумдесет и едногодишниот Ширак синоќа бил примен во американска болница, лоцирана во елитното париско предградие Неои сур Сен.

„Отиде таму на испитувања, а потоа веднаш замина дома, не беше задржан во болницата. Тој е многу болен, но сепак неговиот живот не е во опасност“, изјавил за „АФП“ неименуван извор близок до поранешниот француски претседател.

Не многу одамна Ширак доби мозочен удар, а пак во декември минатата година тој беше подложен на операција на бубрезите. Француските медиуми велат дека Ширак боледува од Алцхајмерова болест, судејќи по неговата ослабната меморија. Информациите не беа официјално потврдени, но неговата сопруга Бернадет Ширак изјави дека тој повеќе нема да зборува јавно.

Жак Ширак беше претседател на Франција од 1995 до 2007 година, откако претходно беше градоначалник на Париз.