Жена од Неготино последна жртва на грипот

Осумдесет и едногодишна жена од Неготино е последната жртва на грипот за оваа сезона, информираат од Клиниката за инфективни болести.

Пациентката девет дена била хоспитализирана на Инфективната клиника со тешка билатерална бронхопневмонија и со претходни хронични заболувања, како што се акутна бубрежна инсуфициенција и срцева слабост. И покрај спроведената антивирусна терапија и повеќедневните напори на лекарите, пациентката изутрината починала.

На клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 98 пациенти со симптоми и клиничка слика на грип, од кои шест лица се лекуваат на одделението за интензивна нега.