Жителите на Ѓопчели задоволни од посетата на Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов во рамки на посетата на дојранскиот регион денеска го посети селото Ѓопчели, пренесува „Курир“.

При посетата на Ѓопчели, жителите на ова село, кои во најголем дел се од турска етничка припадност, срдечно го пречекаа претседателот Иванов и изразија задоволство што тој го посети нивното мало село, кое брои околу 200 жители.

На средбата, жителите го поздравија проектот Рурален доктор, со кој значително се подобриле здравствените услуги во нивниот крај, и воедно го запознаа претседателот Иванов со тековните проблеми со кои се соочуваат, како и со планираните проекти за развој на Ѓопчели.