ЖРК Вардар вечерва ја пречекува Подравка

Ракометарките на македонскиот првак ЖРК Вардар вечер од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе играат против хрватската екипа Подравка во рамките на 4.коло од групата Б од Лигата на шампионите.

Избраничките на тренерот Индира Кастратовиќ имаат две победи по ред и со евентуален триумф ќе бидат многу блиску до пласман во следната фаза.

Покрај овој дуел во Б групата денеска играат уште Будуќност – Турингер.

На програмата сеуште и четири натпревари од ова коло: Хипо – Лајпциг, Крим Динамо (А група), Локомотива – Савехоф (Ц група) и Мец – Лублин (Д група).

Со вчерашните победи екипите на Ѓер и Ларвик веќе обезбедија пласман во следната рунда. Ѓер го победи Виборг со 22:20, додека Ларвик беше подобар од Баја Маре со 31:26. Во редовите на романската екипа Баја Маре настапи и македонската репрезентативка Елена Ѓорѓиевска, која постигна 4 голови.