„Журнал“ дознава: ДУИ утре го предлага Арбер Адеми за министер за образование и наука

Утре се очекува да бидат јавно објавени имињата на новите министри и заменици-министри, кои ќе ги пополнат новиот владин кабинет по зголемувањето на парламентарното мнозинство кое сега го сочинуваат коалицијата предводена од СДСМ, ДУИ, Движењето Беса и ДПА, пишува Zhurnal.mk.

ДПА веќе објави дека за министер без ресор задолжен за странски инвестиции ќе биде предложен Бардул Дауити додека за заменик-министер во Министерството за транспорт и врски Мусадик Беќири. А од друга страна Движењето Беса за министер за култура го предложи кандидатот за градоначалник на Гостивар, Асаф Адам, додека се уште ги нема објавено имињата на замениците-министри во Министерството за надворешни работи и Министерството за труд и социјална политика.

Од друга страна се очекува СДСМ и ДУИ да направат рокада во некои ресори, каде што ДУИ ќе го остави Министерството за правда, за што новинската агенција Zhurnal.mk напиша пред неколку недели, за што ќе го земе ресорот за образование и наука, а неофицијално Журнал дознава дека утре интегративците за министер ќе го предложат сегашниот заменик-министер, Арбер Адеми, при што се зборува дека сегашната министерка за образование и наука, Рената Дескоска, преминува да го води Министерството за правда. Инаку и поззицијата заменик-министер за здравство му следи на ДУИ, но се очекува неговото име да биде објавено утре.