Благо зајакнување на доларот, пад на цените на нафтата

На валутните пазари во четвртокот во претпладневното тргување вредноста на американскиот доларот во однос на кошницата валути благо се зголеми.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 107,07 поени, додека вчера во истиот пресек на тргувањето изнесуваше 106,94 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 151,70 на 150,40 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0430 долари, додека вчера во истиот момент изнесуваше 1,0460 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево падна за 0,25 отсто, на 75,85 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,42 отсто, на 71,95 долари.