Ватикан: Ноќта помина мирно, папата стана и појадуваше

Папата Франциско, кој е седми ден во болница, помина мирна ноќ и појадуваше, објави Ватикан во новото соопштение за здравјето на Светиот Отец.

„Ноќта помина мирно, папата стана и појадуваше“, соопшти Ватикан.

Папата Франциско има билатерална пневмонија, објави во вторникот Ватикан, што го комплицира лекувањето на 88-годишниот папа и покажува дополнително влошување на неговата кревка здравствена состојба.

Ватикан вчера објави дека папата Франциско е во стабилна состојба и покажува „благо подобрување“ на резултатите од неодамнешните тестови на крвта.

88-годишниот папа, се лекува во римската болница Гемели, каде што беше примен на 14 февруари откако неколку дена тешко дишеше.

Сите јавни ангажмани на папата се откажани до недела. Нема дополнителни официјални настани во објавениот календар на Ватикан.