
Унгарската авиокомпанија „Визер“ од 9 март нема да лета од Скопје за Будимпешта. Авиокомпанијата од неодамна не продава билети за оваа дестинација, но официјално не ги соопшти причините за тоа.
Авиокомпанијата од почетокот на годинава ги укина летовите за Бремен – Салцбург, Келн, Копенхаген, Стокхолм – Скавста и за Луксембург.
По воведувањето на новите правила за субвенционирање на авиолинии од страна на владата „Визер“ доби субвенции за летови кон Лион, Барселона и Штутгарт. За овие дестинации веќе се продаваат билети, а летовите почнуваат од 30 јуни.
Засега не е познато дали авиокомпанијата планира да ги врати некои од укинатите летови.
Претходно компанијата соопшти дека дел од летовите укинува поради поправки на авионите или високите такси на аеродромите.
Компанијата опслужува речиси 60% од дестинациите од Скопскиот аеродром.