ВИДЕО| Мицкоски: Исто како и Трамп, и нашата влада победи со огромно мнозинство

-Обраќање на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Вашингтон, пишува во својата објава на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски во своето излагање меѓу другото, говореше за предизвиците со кои се соочила Македонија во минатото, дека беше на линијата на фронтот, борејќи се со илегалните мигранти, како и за пречките на патот кон ЕУ и за бројните остапки и условувања за членството во НАТО, мешањето однадвор за промена на името, знамето и Устававот.

Тој истакна дека Македонците во САД се определени за претседателот Доналд Трамп, притоа појаснувајќи дека исто како и Трамп, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ победи со огромно мнозинство на минатогодишните претседателски и парламентарни избори.

Премиерот ја искористи можноста и настапот на Конференцијата и за да го испромовира и македонскиот туризам, односно Охрид и Свети Климент и тоа среде Америка.

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Вашингтон: