Гутереш: Човековите права се задушени

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска на форум на Советот за човекови права на ОН во Женева изјави дека човековите права се задушени.

– Човековите права се кислородот на човештвото. Но, ги задушуваат, рече Гутереш, наведувајќи ги „автократите и патријархатот“, како и „хушкачите на војна и климатската криза“.

Во истиот говор тој изрази сериозна загриженост поради порастот на насилството на Западниот Брег и повиците на анексија.

– Сериозно сум загрижен поради ескалацијата на насилството и другите прекршувања извршени од израелските доселеници на окупираниот Западен Брег, како и поради повиците за анексија, рече Гутереш.

Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк на истиот форум рече дека ерата на „диктаторите“ кои извршиле страшни злосторства може да се повтори.

– Во претходните векови, неограничената употреба на сила за тешки, недискриминирачки напади врз цивили, раселување на населението и детскиот труд беа секојдневие. Диктаторите можеа да наредат грозоморни злосторства што ќе доведоа до смрт на голем број луѓе. Внимавајте, тоа може да се повтори“, предупреди Турк.