Европа „ги победи“ САД во ОН околу резолуцијата за Украина

Соединетите држави беа принудени да се воздржат од гласањето на Генералното собрание на Обединетите нации во понеделникот за резолуцијата што ја подготвија по повод третата годишнина од руската војна во Украина, откако телото од 193 членови се согласи со амандманите предложени од европските држави, триумфалистички известија Reuters и AFP.

Генералното собрание на ОН во понеделникот усвои резолуција, подготвена од Украина и нејзините европски сојузници во војната., со која се потврдува поддршката за Украина и нејзиниот територијален интегритет, три години од почетокот на руската инвазија на земјата.

Документот повикува на „деескалација, брз крај на непријателствата и мирно решавање на војната против Украина“. Од Русија се бара „веднаш, целосно и безусловно“ да ги повлече сите војници од територијата на соседната земја и еднострано да ги прекине непријателствата.

Руската мисија во светската организација истакна дека во резолуцијата на ЕУ воопшто не се споменуваат или осудуваат „терористичките напади на режимот во Киев врз цивилното нселение, како и присуството на украинските вооружени сили во регионот Курск. Москва, исто така, протестираше што во таа резолуција не се спомнува правото на народите на самоопределување, според Повелбата на ОН, алудирајќи на одземените нацонални права на руското и рускојазичното население во Украина, што според, неговото протерување по насилниот преврат во Киев во 2014 година што според руската страна се главните причинни за почетокот на војната на 24-ти февруари 2022 година.

Текстот доби 93 гласа за, 18 против, вклучително и САД кои до доаѓањето на власт на Доналд Трамп редовно ги поддруваа антируските резолуции, и 65 воздржани.

Но, конкурентската американска нацрт-резолуција, која првично бараше брз крај на конфликтот, но не се повикуваше на територијалниот интегритет на Украина, беше во голема мера изменета со амандманите од европските земји.

Тие вметнаа референца за суверенитет и територијален интегритет, како и „праведен мир“ во текстот.

Москва, исто така, предложи амандман, додавајќи го барањето за итно завршување на конфликтот со зборовите „вклучително и со елиминирање на неговите основни причини“. Генералното собрание го отфрли.

Текстот со амандмани беше усвоен со 93 гласа за, 8 против и 73 воздржани, вклучително и САД.

Резолуциите на Генералното собрание на ОН не се правно обврзувачки.