Загриженоста за снабдување ги турна цените на нафтата над 76 долари

Цените на нафтата се искачија над 76 долари на меѓународните пазари во средата, како одраз на загриженоста на инвеститорите поради прекините во снабдувањето од САД и Казахстан.

На лондонскиот пазар цената на барелот беше за 64 центи повисока од вчерашното затворање на пазарот, на 76,48 долари. На американскиот пазар барелот за испорака во март поскапе за 75 центи и чинеше 72,60 долари. Поактивно се тргуваше со барелите за испорака во април, по 70 центи повисока цена од 72,53 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно објави дека барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки во вторникот поскапел за 39 центи на 77,11 долари.

Вниманието на трговците беше насочено кон прекините на снабдувањето од САД и Казахстан во средата. Испораките на нафта на Казахстан преку гасоводот Касписки гасовод Конзорциум (CPC) беа намалени за 30 до 40 отсто во вторникот поради оштетување во напад со украински беспилотни летала, објави Русија. Тоа би значело дека глобалната понуда е намалена за 380.000 барели дневно, пресмета Reuters.

Испораките на САД се загрозени од ниските температури, а државната управа за гасоводот на Северна Дакота проценува дека производството може да се намали за дури 150.000 барели.

„Психолошки важното (пониско ниво на цените) 70 долари се чини дека се задржува поради нападот со украински беспилотни летала врз рускиoт нафтовод и стравувањата дека ниските температури во САД би можеле да ја намалат понудата“, вели Тони Сајкамор од IG.

Трговците се обидуваат да го проценат влијанието на најавените и вистинските санкции врз Русија и Иран, објаснува Алдо Спанјер од банката „BNP Paribas“, истакнувајќи меѓу факторите кои би можеле да ги зголемат шпекулациите за цената на нафтата дека ОPEC и нејзините сојузници, големи независни производители предводени од Русија, би можеле да го одложат планираното зголемување на понудата во април. Според него, OPEC+ ќе го одложи спроведувањето на оваа одлука.

Аналитичарите на „Goldman Sachs“, сепакм веруваат дека евентуалното американско олеснување на санкциите кон Русија, доколку Москва и Киев постигнат мировен договор, веројатно нема да значи повеќе руски барели на пазарот.

„Нашиот став е дека руското производство на нафта е ограничено од целта на OPEC+ од девет милиони барели дневно, а не од сегашните санкции, кои влијаат на дестинацијата, но не и на обемот на извозот на нафта“, напишаа тие во извештајот.