Зеленски му ја честиташе изборната победа на Мерц

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на челникот на конзервативната опозициска демохристијанска партија Фридрих Мерц за победата на неговата партија на германските парламентарни избори и рече дека со нетрпение очекува да работи заедно за да донесе „вистински“ мир во Украина.

„Им честитам на CDU/CSU и на Фридрих Мерц за нивната победа на изборите за Бундестагот“, напиша Зеленски во објавата на Х.

„Со нетрпение очекуваме да продолжиме да работиме заедно со Германија за да ги заштитиме животите, да донесеме вистински мир во Украина и да ја зајакнеме Европа“, се вели во соопштението.

За разлика од канцеларот во заминување Олаф Шолц, Мерц изминатата година повеќепати изјавуваше дека позитивно би одговорил на барањето на Киев да му ги испорача блаистичките наведувани проектили „Taurus“ со долг дострел за напади врз цели длабоко на територијата на Русија.

Шолц и повеќе воени аналитичари предупредуваат дека со таквиот софистицирани систем неопходно е да оперираат германски офицери на теренот и да го добива наведувањето од сателитите на западните земји, што значи директно учество на Германија во нападите врз цели во Русија, што може да предизвика жесток одговор на Москва врз командните места.