Зеленски: Украина и САД работат на економски договор за да обезбедат ефикасност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави доцна ноќта во петокот дека официјални лица од неговата земја и од Соединетите држави работат на склучување економски договор за да се осигураат дека тој е ефективен и праведен кон Киев.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Вашингтон дека преговарачите се блиску до финализирање на договорот. Зеленски го отфрли првичниот предлог, кој се фокусираше на соработката во областа на ретките минералите со кои Киев бои требало да ги исплати стотиците милијарди американска помош во оружје и финансии, велејќи дека тоа е „не сериозен разговор“ и не е во интерес на Украина.

„Денеска тимови од Украина и САД работат на нацрт-договор меѓу нашите влади. Овој договор има потенцијал да ги зајакне нашите односи и, што е најважно, деталите мора да се договорат на таков начин што ќе се осигура дека ќе биде ефективен. Се надевам на исход, фер исход“, рече Зеленски во својата ноќна видео-порака.

Зеленски ги даде забелешките по разговорот меѓу началникот на неговиот кабинет, Андриј Ермак, и американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц.

Кабинетот на украинскиот претседател објави дека двајцата разговарале за „хармонизирање на позициите“ во билатералните односи. Ермак „ја истакна важноста од одржување на билатералната соработка и високо ниво на односи меѓу Украина и Соединетите држави“, соопшти кабинетот на претседателот.

Валц во петокот рече дека очекува Зеленски да потпише договор за ретките земнени минерали со Соединетите држави како дел од напорите да се стави крај на војната во Украина.

„Еве ја суштината, претседателот Зеленски ќе го потпише овој договор и ќе го видите тоа многу наскоро“, рече Валц на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Вашингтон.

Зеленски ги отфрли американските барања за минерално богатство во вредност од 500 милијарди долари од Украина за да му се компензира Вашингтон за помошта за време на војната, велејќи дека САД не обезбедиле ни приближно толку. Исто така, рече дека предложениот договор не нуди ниту една од безбедносните гаранции што Украина ги бара како дел од мировниот договор.

Зеленски и Трамп разменија навреди оваа седмица, при што Трамп го нарече Зеленски „неизбран диктатор“, а Зеленски одговори дека американскиот претседатл „живее во балон од дезинформации и ги повторува аргументите на Москва“.

Во своето обраќање Зеленски даде детали од телефонските разговори со челниците на европските и африканските земји, вклучително Чешка, Германија, Словенија, Ирска, Луксембург, Хрватска и Шведска.

„Главниот заклучок е дека Европа мора и може да направи многу повеќе за да го направи постигнувањето мир реално“, рече тој.