Имаме одлични закони на хартија, но проблемот е во нивната примена

 Премиерот Христијан Мицкоски, се обрати на настанот на Атлантскиот совет во Вашингтон посветен на иднината на транс-атлантските релации на Западен Балкан.

„Кога луѓето ме прашуваат: Што правите? Што можете да кажете за ова? Што точно правите во моментов? – мојот одговор е секогаш ист: Ние се бориме против нив, и тоа одлучно“, напиша тој на својот Фејсбук профил.

„Имаме одлични закони напишани на хартија, но проблемот е во нивната примена. А кој е одговорен за спроведувањето? Обвинителите и судиите. Како тие стануваат обвинители и судии? За жал, тие се назначени од оние кои самите станале политички криминалци.

Нашиот прв приоритет е да го смениме начинот на размислување на обвинителите и судиите, за да носат одлуки врз основа на законите и Уставот – а не според барањата на политичарите што ги избрале“.