
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање информираше дека на лозарите им се исплатени околу пет милиони евра субвенции.
„Исплатени се околу пет милиони евра субвенции за повеќе од 12 илјади лозари и мислам дека таа тенденција и во следната година ќе продолжи исто како и сите останати земјоделски гранки. Турунарите имаат рекордна цена и т.н, тоа ни е главен фокус и ќе продолжи да ни биде главен фокус и оваа година“, изјави премиерот Мицкоски.