
Бањалучки Борац успеа да ја сочува својата мрежа недопрена на гостувањето против Олимпија во Љубљана, што му овозможи на босанско-херцеговскиот претставник да ја зачува предноста од еден гол од првиот натпревар и да се пласира во осминафиналето на Конференциската лига.
Словенечкиот тим испишти можност да поведе од пенал уште во 7. минута, а неуспешен изведувач беше Шпанецот Алехандро Бланко чиј удар го одбрани голманот на Борац, Филип Манојловиќ.
Литванскиот судија Лукјанчукас го продолжи натпреварот за 18 минути во вториот дел, бидејќи натпреварот мораше да биде прекинат поради судир на навивачите на трибините на стадионот „Стожице“, за што беше мораше да реагира и интервентната полиција.
Борац од Бања Лука во осминафиналето ќе игра против Рапид Виена или Фиорентина.
Жестока беше кипарската пресметка меѓу Пафос и Омонија. Пафос го доби реваншот со 2:1 и се пласираше во осминафиналето со вкупни 3:2. Стрелци за Пафос беа Бруно во 28. и Силва 65., додека Стеван Јоветиќ во 60. минута го постигна тогаш израмнувачкиот гол за Омонија.
Можни противници на Пафос во осминафиналето се швајцарски Лугано и шведски Џургарденс.
Фудбалерите на Гент го совладаа Бетис со 1:0 на гостувањето во Севиља, а стрелец беше Арчи Браун во 87. минута. Сепак, шпанскиот претставник обезбеди пласман во осминафиналето, бидејќи во Белгија победи со 3:0.
Бетис би можел да се соочи со лондонски Челзи или португалска Виторија Гимараеш.
Копенхаген во првиот меч пред своја публика беше поразен со 2:1 од германскиот тим Хајденхајм, но данскиот тим ја надополни таа негатива во реваншот. Головите на Чиаха во 37. и Дикс од пенал во 53. минута му донесоа водство на Копенхаген, но Скиенца во 74. минута го однесе Хајденхајм во продолженијата. Мексиканецот Родриго Хуескас ја искористи грешката на домашната одбрана во 114. минута и го постигна решавачкиот гол за да го испрати Копенхаген во осминафиналето.
Данскиот тим може да се соочи со лондонски Челзи или португалска Виторија Гимараеш како нивни противници во оваа фаза од натпреварувањето.
Фудбалерите на Панатинаикос од Атина постигнаа два гола во второто полувреме и го совладаа исландскиот Викингур со 2:0 пред своите гледачи, со што ја надополнија негативата од еден гол од првиот натпревар и се пласираа во осминафиналето на Конференциската лига. Стрелци за Панатинаикос беа Филип Младеновиќ во 70. и Тете во петтата минута од судиското продолжение на натпреварот.
Панатинаикос во осминафиналето ќе се соочи со Фиорентина или Рапид Виена.
Во топ 16 се пласираше и словенечки Целје со победата од 2:0 на гости кај кипарски АПОЕЛ. Литванецот Армандас Кучис (45+4) го постигна воведниот гол, а Тамар Светлин во 51. минута го потврди преминот на словенечкиот тим, кој во осминафиналето може да се соочи или со шведски Џургарденс или со швајцарски Лугано.
Во реваншот пред своите гледачи, полска Јагелонија го совлада српскиот ТСЦ од Бачка Топола со 3:1 и се пласираше во полуфиналето со вкупни 6:2. Кристофер Хансен (8) и Хесус Имаз (70) ги постигнаа првите два гола за полскиот тим, а Виктор Радојевиќ (76) со автогол зголеми на 3-1. Единствен стрелец кај гостите беше Марко Лазетиќ (17).
На жрепката во петок, Јагелонија во осминафиналето би можела да се соочи со Легија Варшава или Серкл Бриж од Белгија.