
„Венко Филипче и СДС не смеат да се оградат од Ордановски и отидоа во прегратките на Левица, контра претседателот Трамп и Америка“, нагласи Миле Лефков, пратеник од ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, на денешната прес-конференција.
Натаму Лефков истакнува: Венко Филипче и СДС со денови молчат и никако не се оградуваат од Сашо Ордановски, кој важи за сива еминенција на партијата, за неговите навреди врз претседателот Трамп и САД.
Очајниот Филипче и СДС се спремни да го свртат курсот на државата и да ја оддалечат од нашиот стратешки партнер САД.
СДС се до толку загубени и немаат политика, што почнаа да ги копираат Левица.
И СДС и Левица се против добрите односи на САД и Македонија, а се за Енвер Хоџа и комунистички диктатори.
Што е следно? Филипче да побара од Апасиев да го однесе на гробот на Енвер Хоџа?
Воочлива е безидејноста на СДС, но и потребата по секоја цена да се оди против се што е добро за државата, со надеж дека ќе соберат некој поен, по логика само ним разбирлива.
За жал на СДС и Филипче, а за среќа на Македонија, државата ја води ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои имаат јасна стратешка ориентација кон САД и се за силен економски развој на Македонија.