
Францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот најави дека ќе биде домаќин на уште една средба за Украина по разговорите меѓу новата американска администрација и руските преставници, додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп „може повторно да го придвижи полезниот дијалог“ со рускиот претседател Владимир Путин.
Во интервју за француски регионален весник, Макрон повторно изгледаше отворен за идејата за испраќање војници во Украина, но нагласи дека тоа може да се случи „само во многу ограничена форма и надвор од зоните на конфликтот“.
Неговите коментари уследија откако Трамп ја шокираше Европа со промената на политиките на претходната администрација во Вашингтон речиси три години по почетокот на руската инвазија на Украина, обновувајќи ја дипломатијата со Москва со надеж дека ќе постигне договор за ставање крај на конфликтот.
„Трамп уште еднаш создава стратешка двосмисленост за претседателот Путин користејќи многу силни зборови и создавајќи несигурност што може да помогне да се изврши притисок“, тврди Макрон.
Францускиот претседател, кој своевремено редовно разговараше со Путин, но не само еденаш колку што е познато разговараше по 2022 година, додаде дека и самиот е подготвен да разговара со својот руски колега „кога е соодветно во претстојните преговори“.
Макрон вели и дека Париз „не се подготвува да испрати копнени трупи за учество во конфликтот на фронтот во Украина“. Сепак, Франција и Велика Британија размислуваат да испратат „експерти или дури војници во ограничени околности“. „Таков потег ќе ги зајакне Украинците и ќе покаже солидарност. Размислуваме за ова со Британците“, потврди тој.
Британскиот премиер Кир Стармер, зајакнувајќи ги односите со Европската унија и откако Обединетото Кралство излезе од блокот, рече дека Лондон ќе биде подготвен да испрати војници во Украина.
Сепак, Макрон нагласи дека поддршката на Вашингтон е неопходна за идните безбедносни гаранции за Киев.
„Со оглед на тоа што Русија е земја со нуклеарни капацитети, ова е клучна точка за европските партнери“, нагласи тој.
Макрон, исто така, ја истакна идејата за „одлучување во рамките на преговорите за мировна операција под мандат на Обединетите нации, која ќе биде поставена по линијата на фронтот“.
Додаде дека во среда ќе се одржат нови разговори „со неколку европски и неевропски земји“, по итниот состанок во понеделникот во Париз, на кој присуствуваа неколку клучни европски земји.
Претходната средба имаше цел да покаже единство, но беше засенета од тензиите околу идејата за испраќање војници во Украина, при што Германија и Италија изразија силно противење на таквиот потег. Неколку помали европски земји, вклучувајќи ги Словенија, Романија и Чешка, изразика незадоволство од тоа што не беа поканети, и покрај нивната силна поддршка за Украина.