Маск нареди вработените во администрацијата да известат што работеле или ќе се соочат со отпуштање

Челникот на Одделот за владина ефикасност (DOGE) на администрацијата на американскиот претедател Донал Трамп, милијардерот Илон Маск, во саботата се закани дека ќе го отпушти секој вработен во сојузната администрација кој нема да објасни каква работа извршил во текот на претходната седмица.

Заканата, објавена во објава на платформата за социјалните медиуми X, дојде само неколку часа откако претседателот Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека DOGE треба да стане поагресивен во обидите да ја намали и преобликува федералната работна сила.

„Сите федерални вработени наскоро ќе добијат е-пошта со барање да објаснат што сработиле минатата седмица. Неодговањето (на брањето) ќе се смета за оставка“, објави Маск на X.

Од саботата вечерта, мејловите се испратени до вработените во федералните агенции, вклучително и Бирото за финансиска заштита на потрошувачите, Националната управа за океани и атмосфера, Центрите за контрола и превенција на болести и други со наслов: „Што направи минатата седмица?“

Е-поштата, во која увид имала агенцијата Reuters, бара од вработените да одговорат на е-поштата што ја добиле со пет точки во кои се сумирани „што сте постигнале на работното местоминатата седмица“. Е-поштата им дава рок на вработените во понеделник до 23:59 часот да одговорат.

Нејасно е каква правна основа има Маск да ги отпушти федералните работници доколку тие не одговорат на неговото барање, пишува Reuters.

Брзиот и оценет како контроверзен процес на администрацијата на Трамп за намалување на владините трошоци со намалување на врабитените сојузната администрација, предводена од Маск и неговите млади соработници во DOGE за намалување на трошоците, довело до случајни отпуштања што резултираа со бројни грешки и принудија неколку агенции брзо да вработуваат витални вработени, како што се оние кои работат во одбраната и нуклеарната безбедност.

Првиот бран отпуштања беа насочени кон работниците кои полесно се отпуштаат, како што се вработените на пробна работа на помалку од две години или оние кои започнале на нови рабоотни места во агенциите.

Неселестивните отпуштања доведоа до DOGE да отпушти луѓе чии работни места не се финансирани од даночните обврзници и почнаа да ги лутат луѓето низ целата земја кои се загрижени за губењето на услугите, како и за влијанието на федералните загуби на работни места врз локалните економии, пишува Reuters.