Милиони долари потрошени на лажни стогодишници во САД, рече Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека милиони долари од парите на американските даночни обврзници се трошат на плаќања на луѓе кои, според владините записи, се постари од 200 години.

„Има милиони луѓе на социјално осигурување кои се наводно постари од 130, 140, 150 години. Имаме ‘момче’ кое наводно има 360 години, што е апсолутен рекорд! Нашата земја постои само 250 години, а тој е постар од Америка“, рече Трамп на Конференцијата за застапување на конзервативците во Вашингтон (CPAC).

Трамп рече дека таквите податоци се „тотална измама“ што цутела во текот на претходната администрација.

„Во нашите регистри имаме 3,5 милиони луѓе на возраст од 140 до 149 години, 1,3 милиони над 150. А има дури 1.039 луѓе кои според евиденцијата имаат над 220 години. Како е возможно ова?“, огорчено преша американскиот претседател.

Трамп нагласи дека неговата администрација веќе ги идентификува „лажните стогодишници“ и има намера да престане „да се расфрла со парите на американските даночни обврзници“. Оваа шема постои со години, но ќе ја прекинеме“, вети тој.

Трамп нагласи дека неговата администрација веќе ги идентификува „лажните стогодишници“ и има намера да престане „да се расфрла со парите на американските даночни обврзници“. „Оваа шема постои со години, но ќе ја прекинеме“, вети тој.