Минатата година ќе биде рекордна по инвестиции, ќе надминеме милијарда евра, вели Николоски

Минатата година ќе биде рекордна по инвестиции, ќе надминеме една милијарда евра, изјави во Охрид вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на „Костал“

„Според информациите кои ги имаме од Државниот завод за статистика – минатата година ќе биде рекордна за Македонија по инвестиции, ќе надмине милијарда евра. Не само со нови инвестиции, туку и со проширување на веќе постојните. Тоа е нешто што ќе продолжиме да го протежираме како влада и ќе се трудиме оваа поддршка да продолжи“ посочи Николоски.

Николоски во охридски „Костал“ присуствуваше на глобалниот состанок на добавувачи и логистика на дивизијата за автомобилска електроника.