Мицкоски во Атлантскиот совет: Посветени сме на заштитата на националните интереси

Премиерот на Реоублика Македонија, Христијан Мицкоски имаше свое обраќање во Атлантскиот совет во Вашингтон каде што говореше за иднината на трансатлантските односи и Западен Балкан, осврнувајќи се на односите со Грција, посебно со Бугарија и нашето членство во ЕУ.

-На разговорот во Атлантскиот совет истакнав дека, и покрај значајните отстапки за напредок во евроатлантската интеграција, Македонија останува посветена на заштитата на своите национални интереси и идентитет. Посебен акцент ставив на улогата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур како гарант на човековите права и владеењето на правото, нагласувајќи дека нашата држава ги почитува сите негови пресуди, објави на својата Фејсбук страница премиерот Мицкоски.