Многу возови не биле во функција зашто немале тркала

Во синоќешниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува”, гостуваше директорот на ЈП Железници инфраструктура на Македонија, Синиша Ивановски.

Директорот го истакна фактот дека изминативе 8 години, минатото раководство се нема посветено на подобрување на инфраструктурата на железниците во Македонија.

– За жал за 8 месеци не се стигнува сѐ што 8 години било во тотален заборав, во тотален застој, но оправданија не треба да имаме, туку треба да се фатиме за работа, да веќе од оваа година пругата биде повторна операбилна до целосна проектирана состојба – нагласи Ивановски.

Тој додаде дека ситуацијата во железничкиот сообраќај е ваква каква што е, само поради незаинтересираноста и немањето квалитетен кадар.

– Погрешни кадри, немотивирани за работа, инспирирани од некои други дејствија, а не од општо добри дејствија. Такви директори, таков министер имале коишто железницата не им била во видокруг. Тотално заборавена и демотивирана и затоа ние после години и години немавме и меѓународна линија – истакна Ивановски.

Тој додаде дека добар дел од возовите не биле во функција затоа што немале тркала.

– Толку звучи смешно, толку звучи несериозно, потенцираше Ивановски и дополни дека ова се случувало затоа што немало кој да направи јавна набавка за купување тркала.

Тој најави дека целта и визиите на Владата за железничкиот сообраќај е да се поврземе со Солун и Белград, односно поврзување на коридорите 8 и 10д.

– Да бидеме поврзани со регионот, за неполни 8 години да имаме брз воз, патнички од 200 километри на час, а товарен со 120. За јавноста патничкиот е поинтересен. Да ве седнеме во Скопје во воз и за неполни 2 часа да бидете во Солун, да бидеме за 2 часа и нешто во Белград, притоа доста е поекономичен транспортот, доста побезбеден и многу поеколошки – заклучи Ивановски.