Мукаетов и ракометарите на прием во американската амбасада

На покана на Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер, денеска беше одржан прием за машкиот сениорски национален ракометен тим, информираат од Ракометната федерација на Македонија.

Во рамки на посетата претседателот на РФМ Живко Мукаетов и селекторот Кирил Лазаров, на амбасадорката ѝ подарија македонски дрес и топка своерачно потпишана од сите ракометари кои учествуваа на Светското првенство 2025.

РФМ упатува голема благодарност за приемот и поддршката која ја добива од Амбасадата на Соединетите Американски Држави.