НБА лигата го суспендираше Боби Портис на 25 натпревари

Кошаркарот на Милвоки Бакс, Боби Портис е суспендиран на 25 натпревари откако бил позитивен на забранета супстанца, објави НБА лига.

Триесетогодишниот Портис е суспендиран на 25 натпревари без плата откако беше позитивен на забранетата супстанца „трамадол“.

Неговиот претставник Марк Бартелштајн изјави дека се работи за несреќен случај.

„Потресен сум поради Боби бидејќи направи грешка, а последиците од тоа се неверојатно значајни“, изјави Бартелштајн за ESPN.

„Боби ненамерно зеде лек против болки наречен ‘трамадол’, мислејќи дека зема лек против болки наречен ‘торадол’. ‘Торадол’ е одобрен лек против болки што тој веќе го користел и кој тимовите и играчите повремено го користат за болки и воспаленија. ‘Трамадолот’, сепак, не е одобрен лек против болки и неодамна беше додаден на листата на забранети супстанции минатото лето”, додаде тој.

Портис поради суспензијата ќе загуби 2,85 милиони долари, а на теренот ќе се врати на четири натпревари пред крајот на регуларниот дел од сезоната.

Оваа сезона Портис имаше просек од 13,7 поени и 8,3 скока на 46 натпревари. Настапува за Бакс од 2020 година, а претходно играше за Њу Никс, Вашингтон Визардс и Чикаго Булс.