
Њу Орлеанс по вторпат во два дена на домашен терен ги совладаа Сан Антонио Спарс, овојпат со 109:103. За разлика од неделата кога Пеликанс остварија убедлива победа, во вторникот прашањето за победникот беше отворено до самиот крај. Гостите подобро го отворија мечот, на почетокот на втората четвртина водеа со 19 поени разлика (35:16), но домашните беа поуспешни во последните минути, кои го затворија мечот со серија од 12:4.
Треј Марфи беше најдобар стрелец кај Пеликанс со 24 поени, додека Девин Васел постигна 20 за Спарс.
Со оваа победа Њу Орлеанс побегна од дното на Западната конференција, сега на 14. место со сооднос победи-порази 15-43, додека Сан Антонио е на 13. место со 24-32, а ниту една од овие екипи годинава нема да го види плејофот.
Во плејофот сигурно ќе настапат бранителите на титулата во НБА лигата, Бостон Селтикс, кои ја остварија шестата последователна победа на гостински терен совладувајќи ги Торонто Репторс со 111:101. Селтикс го контролираа резултатот во текот на целиот натпревар, предводени од Џејлен Браун со 24 и Дерик Вајт со 22 погодоци, додека најефикасни кај домашниот тим беа ЕрЏеј Барет со 22 и Скоти Барнс со 21 гол.
Бостон е на второто место на Истокот со скор 42-16, додека Торонто е на 13. место на Истокот со скор 18-40.
Интересно беше во Лос Анџелес каде Лејкерс беа домаќини на Далас Маверикс во нивниот прв меѓусебен натпревар по големиот трејд со играчи во кој словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ се пресели од Мавс во Лејкерс, додека Ентони Дејвис тргна во спротивна насока. Лејкерс беа поуспешни со 107:99, а важна улога во таа победа имаше Дончиќ со „трипл-дабл“ од 19 поени, 15 скока и 12 асистенции. Најдобриот стрелец кај Лејкерс беше Леброн Џејмс со 27 поени, а додаде и 12 скока, додека Кајри Ирвинг беше одличен кај Мавс со 35 коша, а Клеј Томпсон додаде 22. Дејвис сѐ уште нема играно за Далас, но беше во арената во Лос Анџелес каде што беше поздравен со овации од навивачите за неговите пет години минати во дресот на Лејкерс.
Со скор од 35-21, Лејкерс се четврти на Западот, додека Мавс паднаа на деветтото место со скор од 31-28.
Водечкиот тим на Истокот и на целата лига, Кливленд Кавалирс ја забележа осмата последователна победа преку Орландо каде ги совладаа домашниот Меџик со 122:82. Дури 10 играчи на Кавс постигнаа двоцифрен број поени, а водечки беше Исак Окоро со 25 и Дин Вејд со 23, додека Паоло Банкеро постигна 26 за домашниот тим.
Кливленд сега има скор од 48-10 и стана првиот тим кој теоретски обезбедил пласман во плејофот, додека Орландо е седми на Истокот со 29-31.
РЕЗУЛТАТИ
Торонто Репторс – Бостон Селтикс 101:111
Орландо Меџик – Кливленд Кавалирс 82:122
Хјустон Рокетс – Милвоки Бакс 100:97
Мемфис Гризлис – Феникс Санс 151:148 (продолжение)
Њу Орлеанс Пеликанс – Сан Антонио Спарс 109:103
Голден Стејт Вориорс – Шарлот Хорнетс 128:92
Лос Анџелес Лејкерс – Далас Маверикс 107:99
ТАБЕЛИ
Источна конференција
Кливленд Кавалирс 48 10 82,8
Бостон Селтикс 42 16 72,4
Њујорк Никс 37 20 64,9
Индијана Пејсерс 32 24 57.1
Милвоки Бакс 32 25 56.1
Детроит Пистонс 32 26 55,2
Орландо Меџик 29 31 48,3
Атланта Хокс 27 31 46,6
Мајами Хит 26 30 46,4
Чикаго Булс 23 35 39,7
Бруклин Нетс 21 36 36,8
Филаделфија 76ерс 20 37 35.1
Торонто Репторс 18 40 31.0
Шарлот Хорнетс 14 43 24.6
Вашингтон Визардс 10 47 17.5
Западна конференција
Оклахома Сити Тандер 46 11 80,7
Мемфис Гризлис 38 20 65,5
Денвер Нагетс 38 20 65,5
Лос Анџелес Лејкерс 35 21 62,5
Хјустон Рокетс 36 22 62.1
ЛА Клиперс 31 26 54,4
Минесота Тимбервулфс 32 27 54,2
Голден Стејт Вориорс 31 27 53,4
Далас Маверикс 31 28 52,5
Сакраменто Кингс 29 28 50,9
Феникс Санс 27 31 46,6
Портланд Трејл Блејзерс 25 33 43.1
Сан Антонио Спарс 24 32 42,9
Њу Орлеанс Пеликанс 15 43 25,9
Јута Џез 14 43 24.6