Облачно со услови за слаб дожд, на повисоките места снег

Во понеделникот на територијата на Македонија ќе преовладува умерено до значително облачно време со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури се движат во интервалот меѓу минус 5 и 3, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат од 3 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 7 степени.