Дали одлуката на градоначалникот на Кавадарци е исправен потег? ДА. Можеби емотивен, но секако превентивен и многу исправен. Оваа одлука ја докажа неодговорноста на другите институции кои непотребно ги наградуваме со финансиски средства, а они не само што не превземаат дејанија туку и ја лажат институцијата Премиер со години наназад дека регулацијата на авторските права се премногу комплицирани и сепак станува збор за уметност.
Премиерот мора лично да се заложи да го прекине овој јавашлук, неодговорност кон сите засегнати страни и да расчисти со лагите и измамите. Поради тоа неуморно во последниве 20 години ја убедувам институцијата Премиер, кој каква улога има во сеењето магла и со посебен акцент на ЗАМП.
Во мојот краток разговор со градоначалникот на Кавадарци можам да пренесам два заклучока:
Господине премиер, накратко ќе Ви дадам насоки,но не и детали. Од едноставна причина. Имав искрена намера во сите поодминати години да помогнам како поранешен „обучен“ играч на темата авторски права и тоа од СР Германија, САД и Словенија со титула претседатели на југоситочна европа заедно со Горан Гаврилов со мое лично делување токму на темата авторски права. Но и покрај моите искрени намери во заштита на државата очигледно е дека соодветни функционери за разлика од Вас како воспитан човек што знае да комуницира, овие мислат дека ќе им го земе некој приматот. Се е до култура на однесување.
ЗАМП може да се карактеризира како одделение за даночно делување во делот на заштита на правата на авторите. Но, Македонија за да може да разговара на темата влез во Европската Унија мора да придонесе во заштитата на интелектуалната сопственост и имплементација на истата. Во овој момент како држава воопшто не ги штитиме правата на фонограмските продуценти и на изведувачите. Ова е дополнителен финансиски исчекор за наплата за сите оние кои користат платформи во нивните објекти јавно емитување.
За да може да бидеме прецизни ЗАМП има дозвола од државата која е објавена во службен весник на Македонија бр.153 од 30 октомври 2017 година јавно објавен на нивната интернет страница дека има право да наплаќа по следнава тарифа кога се организираат посебно коцерти на домашни и странски музички звезди:
Почитуван г-дине Премиер, јас разбирам дека многумина ќе Ви кажат со прост вокабулар: Виктор Грозданов тропа глупости.
Ама, вистината е поинаква.
ЗАМП не е обично здружение на граѓани. ЗАМП работи со државна дозвола и затоа се на ниво на даночно одделение.
ЗАМП има многу поголема одговорност кога се во прашање угостителски објекти во кои се организираат концерти од сите градоначалници, полицајци или пак даночни и пазарни инспектори и агенции за обезбедување.
ЗАМП морале да знаат дека во дискотеката ПУЛС се одвивале концерти за кои они имаат дозвола да наплатат и да ги заштитат авторите од сите сценарија, сакани или несакани. Во случајот со дискотеката ПУЛС, трагедија од огромни размери, ЗАМП го креираат целиот систем.
Патем токму ЗАМП во 2016 година проба да изврши државен удар кога забрани по сила на дозвола која му е дадена од Министерствот за Култура да се емитуваат сите песни од нивниот репертоар на фреквенциите на радио станиците како најзагрозени. Законот тогаш велеше дека радио станиците мора да емитуваа 50% македонска музика. Кога ја добија оваа забрана тоа значеше дека неможат да ги исполнат програмските услови и поради тоа ќе мора да им се одземат дозволите.
Истиот овој ЗАМП значи поседува и има сила да креира општествени услови.
Но има и уште една вистина која ја кријат како змија нозете.
Во далечната сега 2006 година се појавуваат како застапници за реемитување на некоја си ТВ НОВА заедно со организација од странство, а која се однесуваше на НОВА ТВ од Хрватска. Тоа е најпреварантскиот договор во историјата на авторските права за реемитување на странска телевизија и наплаќање за нејзините права.
За нивна жал, а на мое инсистирање Дражен Мавриќ, директор на НОВА ТВ-ХРВАТСКА потврди дека никогаш на никого не го дал таквото право.
Сите документи се во АВМУ ги поседува актуелниот директор Зоран Трајчевски, ама „мудро“ си молчи.
Еве г-дине Премиер насоки за да можеш да ја разбереш суштината.
Авторските права се стока со која се тргува, а уметноста е нешто сосема друго.
П.С.1 Сам знаете кој е кодошот за аферата ПРОПАГАНДА.
П.С.2. Во следната колумна ќе ја објаснам целата ситуација за криминогената хрватска телевизиска мафија која мисли или мислеше дека имаат право да купуваат програма за територија на Хрватска, ама да можат да ја емитуваат на цела територија на поранешна Југославија и да заработуваат пари на име на реклами демек поседуваат право за 22 милиони жители, а имаат право само за 4 милиони.
П.С.3 Како Македонец за сеʼ сум „ај Утре сабајле“, ама за оваа тема сум повеќе од војвода. Неможе да неʼ крадат бараби од братска Република Хрватска, ама и од Република Србија.
Да живее Македонија!!!
Автор: Виктор Грозданов за НетПрес