Отворен ден за граѓаните во Општина Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, согласно воспоставениот принцип за редовна соработка со граѓаните и отвореност на локалната самоуправа, денес организираше отворен ден на општината. На истиот присуствуваа и дел од раководителите на општинските одделенија и сектори, кои беа значајна поддршка за согледување на проблемите со кои се соочуваат граѓаните, советодавно делување и изнаоѓање на конкретни решенија.

Најголемиот дел од прашањата за кои побараа решение граѓаните се однесуваат на прашања од комуналната сфера, но и други области поврзани со образование и социјална заштита.

На денешниот отворен ден, беа доставени и предлози и иницијативи за организација на нови и дополнување на постоечките програми со нови содржини, како и предлози за уредување на повеќе локации, но и прашања поврзани со економската состојба во општината и можностите за нови вработувања.

Градоначалникот Тони Коњановски и во следниот период, продолжува со одржување на отворени денови, а доставените барања се решаваат тековнo или согласно надлежноста се вклопуваат во плановите и програмите на општината.