
Фудбалерите на Кристал Палас убедливо ја совладаа Астон Вила со 4:1 на својот стадион „Селхарст Парк“, во последниот натпревар од понеделничката програма од 27-то коло на англиската Премиер лига.
Двоен стрелец за лондонскиот тим беше Исмаила Сар 29. и 71. минута, а по еден постигнаа Жан-Филип Матета во 59. и Едвард Нкетија во првата минута од судиското продолжение на мечот. Морган Роџерс во 52. минута беше единствениот стрелец за клубот од Бирмингем. Астон Вила на полувремето остана без првиот голман Емилијано Мартинез, а неговата замена Робин Олсен прими три гола во вториот дел.
Кристал Палас стигна до 12. место со 36 бодови, а Астон Вила падна на десеттото место со 42 бода.
Брајтон победи со 2:1 на домашен терен против Бурнмаут, со головите на Жоао Педро од пенал во 12. и Дени Велбек 75. минута, додека Џастин Клајверт во 61. минута беше стрелец за гостите.
Брајтон со победата се искачи на осмото место и бодовно се израмни со Борнмаут, со по 43 боодови колку што има и Челзи кој поради гол-разликата е меѓу двата клуба.
Фулам оствари победа од 2:1 на гостински терен славејќи кај Вулверхемптон. За Фулам погодија Сесењон веќе во 1. и Родриго Муниз во 47. минута, додека за Волвс стрелец на тогаш израмнувачкиот погодок беше Жоао Гомеш 18. минута
Фулам скокна пред Астон Вила со 42 бода и се најде на деветтото место. Вулверхемптон го претрпе 17-от пораз и остана на 22 бода, со што се наоѓа на 17-та позиција, пет бода над зоната за испаѓање.