Променливо облачно со сончеви периоди

Во среда на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а по одделни котлини магливо. Во планинските региони ќе има услови за појава на слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер

Минималните температири се движат од минус 1 до 5, додека соодветно максималните во текот на денот ќе бидат во интервалот од 6 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и со слаб променлив ветер. Температурата ќе достигне до 11 степени.