
Властите во Киев може да извршат серија терористички напади врз руските дипломатски претставништва во Европа со цел да ги наруши преговорите, објави во средата руската разнавачка Служба за надворешно разузнавање (СВР).
„Според информациите, со коишто располагаат Европејците, една од опциите што ја разгледува украинскиот режим за прекин на преговорите вклучува извршување серија терористички напади врз руските дипломатски претставништва во европските земји“, се вели во соопштението.
Според СВР, кој не поточнува од кои извори се дојдени до овие евентуални сознанија, Украина најверојатно ќе се обиде да изврши напади во Германија, балтичките земји и Скандинавија.
„Соработката на овие држави со Русија е на најниско ниво во ЕУ, контактите меѓу специјалните служби во антитерористичка насока се практично прекинати“, прецизира Службата.
Исто така, според руското разузнавање, можно е Киев да ги претпочита Словачка и Унгарија, таквиот избор ветува „дополнителни придобивки“, односно дискредитирање на членките на Европската унија кои заземаат „посебен став“ за конфликтот во Украина ќе бидат дискредитирани.
Претходно во средата портпаролот на Кремљ изјави дека рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп би можеле да се сретнат веќе овој месец, пренесуваат руските новински агенции.
Дмитриј Песков ги нарече американско-руските разговори одржани во вторникот во Ријад „многу, многу важен чекор“ кон постигнување договор за ставање крај на војната во Украина.
„За да, фигуративно кажано, се спроведат мерките за заживување, дипломатите ќе почнат да работат во светло на договорот меѓу Лавров и Рубио“, рече Песков за министрите за надворешни работи на двете земји.
„Но, тоа е првиот чекор. Се разбира, невозможно е да се поправи сè за еден ден или седмица. Ни претстои долг пат“, додаде потпаролот на рускиот претседател.
Разговорите во главниот град на Саудиска Арабија беа првпат САД и Русија директно да зборуваат за ставање крај на најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна. На средбата немаше претставници од Европа или Украина.
Кит Келог, претставник на американскиот претседател Трамп за Украина, пристигна во Киев во средата наутро за да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.