
Интегрален текст од изјава за медиуми – Игор Здравковски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Продолжува хипокризијата на СДСМ. После 7 години власт, денес од опозиција предлагаат мерки за заштита на стандардот на граѓаните кои тие во изминатите 7 години ги доведоа до просјачки стап. Предлагаат мерка за намалување на ДДВ на храната и струјата. Економските генијалци од СДСМ, додека беа на власт, спротивно од сега ги зголемија стапките на ДДВ на стотици артикли.
Денес, со активните мерки со ограничување на маржите ќе имаме запирање на инфлацијата на храната, а со тоа и заштита на стандардот на граѓаните.
Дополнително, денес носиме и Закон за заштита на потрошувачите.
И за жал, нивното лицемерие не запира тука. Бараат намалување на ДДВ за струјата, а во ниво време цената на струјата беше зголемена за цели 100%. Во ситуација на енергетска криза, кога цената на берзите беше над 800Е за MWh, тие беа глуви на барањата на потрошувачите, на опозицијата и на граѓаните, па не дадоа ниту време, ниту модус да застанат на страна на граѓаните. Напротив, го искористија моментот да го искрадат и уништат енергетскиот сектор преку матни тендери.
Економските и енергетските генијалци, успеаја цената на производот на електрична енергија да ја качат од 45Е на 133Е за MWh.
Денес цената на струјата е стабилна, а покачувањето е 1,48% во последните 8 месеци.
Наместо да се однесуваат лицемерно, попаметно им е во иднина да ги прифатат мерките на Владата и конструктивно заедно да работиме за доброто на граѓаните.