Сиљановска-Давкова во посета на Агенцијата за разузнавање

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во вторникот оствари прва работна посета на Агенцијата за разузнавање, во текот на којашто ѝ беше претставен Годишниот извештај за работата на Агенцијата за 2024 година, како и тековните и среднорочните регионални и национални безбедносни закани, ризици и предизвици.

Претседателката Сиљановска-Давкова, во разговор со раководството на Агенцијата, се запозна со оперативните, аналитичките, техничките и кадровските капацитети и можностите за нивно понатамошно унапредување.

За време на посетата на претседателката се разговараше и за 30-годишнината од донесувањето на првиот закон за Агенција за разузнавање, што соодветно ќе биде одбележана во март годинава.